Smart Accounting Services ја предводи еволуцијата на новата генерација на сметководство и претставува иновативен и целосно дигитален партнер кој им овозможува на бизнисите едноставно, транспарентно и ефикасно управување со финансиите. Сè се одвива преку модерна апликација PulsApp, но секогаш со вистински експерти зад екранот – за твојот бизнис да расте без хартија и компликации.
Нашата апликација (PulsApp) ти дава увид во реално време и автоматско управување со готовинскиот тек, вклучувајќи анализи, прогнози и потсетници за наплата, што е клучно за многу македонски бизниси.
Технологијата која ти е на дланка во секое време ги автоматизира рутините, а нашите искусни професионалци даваат проактивни совети за стимулција на твојот раст.
Со SAS, инстантно се ослободуваш од административниот товар и се фокусираш на она што е најважно – градењето и проширувањето на твојот бизнис.
Во суштина SAS е моќен хибриден модел на традиционално (со лиценцирани сметководители) и дигитално (без хартија) сметководство, кое ти дава контрола врз финансиите и готовинскиот тек во реално време, овозможувајќи да се фокусираш на важните нешта во твојот бизнис.
Smart Accounting Services е иновативен, дигитален партнер за сметководствени услуги, кој ги прави финансиските процеси на компаниите поедноставни, потранспарентни и поефикасни – сè преку современа апликација, но со вистински експерти зад екранот.
Нашата мисија е да помогнеме на 1000 мали бизниси да го пораснат својот бизнис преку подобро разбирање на нивните финанскиски перформанси и примена на најдобри деловни практики
Во SAS ги интегрираме најдобрите светски практики за да ги поедноставиме и унапредиме сите процеси поврзани со основање и управување на компании – специјално дизајнирано за основачи, претприемачи и менаџери кои сакаат да ја водат својата компанија без непотребен административен товар.
Нашата визија е да создадеме најинтуитивна, наједноставна и најкорисна услуга за деловно управување во регионот, прилагодена на македонскиот пазар и локалните регулативи. Со нашата иновативна дигитална платформа PulsApp преку автоматизација, дигитализација и стручна поддршка, овозможуваме нашите клиенти да се фокусираат на растот и развојот на својот бизнис, додека ние се грижиме за сметководството, финансиското планирање и усогласеноста со законите.
Во SAS, веруваме дека времето на претприемачите е највредно. Затоа, нудиме комплетно решение кое ги елиминира сложените административни задачи – од основање фирма, преку автоматско водење финансии, до подготовка на сите потребни извештаи и документи.
Во SAS, нашата најголема вредност е тимот од искусни и сертифицирани сметководители, финансиски советници и експерти кои секојдневно стојат зад сите дигитални решенија кои ги нудиме. Нашата технологија е само алатка – вистинската сигурност, доверба и напредок за твојот бизнис доаѓаат од знаењето и искуството на луѓето што се грижат за секоја анализа, извештај и препорака.
Избери го пакетот што најмногу му одговара на твојот бизнис.
Имаш избор од неколку подготвени пакети и прилагодена понуда. Пополни ја формата подолу и направи го вистинскиот избор за твојот бизнис.
Заштеди време и намали ги трошоците во сметководството.
Започни со дигитално сметководство! Пополни ја формата подолу и поврзи се со нашите експерти. Ќе дознаеш како новиот начин на работа носи јасен увид и ефикасност за твојот бизнис.
Поедностави го сметководството и заштеди време и пари. Започни со паметно сметководство!
Пополни ја формата подолу и закажи термин разговор со нашите експерти. Ќе дознаеш како дигиталното сметководство носи ефикасност и јасен преглед на твоите финансии.
Поедностави го сметководството – заштеди време и пари!
Пополни ја формата и закажи разговор со нашите експерти. Ќе дознаеш како дигиталното сметководство носи ефикасност и јасен преглед на твоите финансии.