Тимот на Smart Accounting Services деновиве активно учествуваше на првите работни состаноци за е-фактура со Управата за јавни приходи (УЈП), каде заедно со останатата бизнис-заедница активно дискутиравме за воведувањето на новиот систем. На состанокот придонесовме со конкретни предлози за намалување на хартиената документација, оптимизација на процесот на издавање фактури и идеи за тоа како да се поедностави верификацијата на фактурите преку е-фактурирање.

Кога почнува е-фактурата во Македонија?
Според последните информации, првата е-фактура во Македонија е планирана за 1 јули 2026 година. Имплементацијата ќе оди во неколку фази, а пробниот период ќе стартува на 1 април 2026 година. Во овој период ќе се тестира системот, ќе се собираат предлози и ќе се прават подобрувања.
Како ќе функционира системот за е-фактури?
Системот на еФактура ќе биде достапен на неколку начини:
- 
Веб-платформа на УЈП – користење преку компјутер со задолжителен електронски потпис (eID)
 - 
API интеграција – директно поврзување на постоечките сметководствени програми, ERP или CRM системи со базата на УЈП, со автоматска верификација и доделување број на фактура за неколку секунди.
 - 
Десктоп клиентска апликација – за бизнис субјектите кои сакаат посебен интерфејс за работа.
 
Системот ќе работи 24/7 со две до три активни серверски инстанци и backup решение. Сите фактури ќе бидат во JSON формат, што ќе овозможи лесно складирање и пренос на податоците.
Видови е-фактури кои ќе бидат опфатени
Во моментов, во регулативата и техничките спецификации се предвидени:
- 
Излезни фактури за извршени трансакции
 - 
Книжни одобренија/задолженија
 - 
Авансни фактури
 - 
Опција за вклучување и на профактури, испратници, повратници и други документи поврзани со фактурирањето
 
Дополнително, ќе има поврзување со Царинската управа за обработка на единствена царинска декларација и документи за увоз и извоз.
Отворени прашања и дилеми
И покрај јасниот правец, постојат прашања кои треба да се решат пред официјалниот старт:
- 
Ќе донесе ли е-фактурата побрз и поточен проток на податоци или нов административен товар, особено за малите фирми?
 - 
Што ако дел од компаниите не се регистрираат навреме?
 - 
Колку ќе биде достапна базата на УЈП за фирмите кои користат само нивната веб-платформа?
 - 
Какви ќе бидат трошоците за прилагодување на постоечките сметководствени програми и ERP системи за API интеграција?
 - 
Ќе има ли транзициски период со паралелно користење на хартиени и електронски фактури?
 - 
Како ќе се справува системот со прекини и технички проблеми?
 - 
Дали ќе има 24/7 техничка поддршка?
 - 
Како ќе се осигура интеграцијата со царината без дополнителна бирократија?
 - 
Ќе има ли обуки и јасни упатства за фирмите пред стартот?
 
Заклучок
Воведувањето на еФактура е голем чекор кон дигитализација на финансиските процеси во Македонија. Потенцијалните придобивки се огромни – од побрза обработка на податоци до поголема транспарентност и ефикасност. Но, за тоа да се постигне, потребно е на време да се решат отворените прашања и компаниите да започнат со подготовките уште сега.
Smart Accounting Services веќе нуди интегративни решенија со API поврзување, лесно креирање на фактури, поддршка за авансни фактури, профактури, како и целосно усогласување со Законот за фактура.
За сите што сакаат да бидат подготвени за 2026 година – ова е моментот да почнете со дигитална трансформација и да избегнете непотребни ризици.