Smart Accounting Services е новата генерација на сметководство и претставува иновативен и целосно дигитален партнер кој им овозможува на бизнисите едноставно, транспарентно и ефикасно управување со финансиите. Сè се одвива преку модерна апликација PulsApp, но секогаш со вистински експерти зад екранот – за твојот бизнис да расте без хартија и компликации.
Сè преку твојот телефон или компјутер – брзо, едноставно и дигитално,
Автоматизација на сите процеси со вистински експерти зад секоја бројка.
Целосно дигитална услуга за сметководство и финансиски менаџмент во Македонија.
Smart Accounting Services (SAS) е твојот иновативен, дигитален партнер за сметководство.
Ние ги правиме твоите финансиски процеси поедноставни, потранспарентни и поефикасни од било кога и сето тоа преку современа апликација (PulsApp), но со вистински експерти зад екранот.
SAS нуди целосно онлајн дигитално сметководство без хартија и компликации.
Нашата апликација (PulsApp) ти дава увид во реално време и автоматско управување со готовинскиот тек, вклучувајќи анализи, прогнози и потсетници за наплата, што е клучно за многу македонски бизниси.
Технологијата која ти е на дланка во секое време ги автоматизира рутините, а нашите искусни професионалци даваат проактивни совети за стимулција на твојот раст.
Со SAS, инстантно се ослободуваш од административниот товар и се фокусираш на она што е најважно – градењето и проширувањето на твојот бизнис
Во суштина: SAS е моќен хибриден модел на традиционално (со лиценцирани сметководители) и дигитално (без хартија) сметководство, кое ти дава контрола врз финансиите и готовинскиот тек во реално време, овозможувајќи да се фокусираш на важните нешта во твојот бизнис.
- Законско сметководство (целосно дигитализирано)
- Основање на компанија
- Пресметка и пријава на даноци
- Пресметка на плати
- Пријави и одјави на вработени
- Финансиско и даночно советување
- Годишни завршни сметки
- Анализи на приливи и одливи
- Напредни и детални прогнози за паричен тек до 90 дена
- Паметни потсетници за задоцнета наплата
- Паметни предупредувања за ликвидност
- Предлози за оптимизација за трошоци
- Онлајн фактурирање (е-фактура)
- Управување со трошоци
- Интеграција со банкарски системи и УЈП
- Плаќање кон добавувачи со еден клик
- Дигитална достава на документи преку мобилен телефон
„SAS ја прави работата на на македонските бизниси брза, лесна и едноставна преку автоматизација, дигитализација и креирање на финансиска стабилност со носење на информирани одлуки за следниот чекор!“
„Со SAS, конечно го гледам готовинскиот тек во реално време и добивам совети што ми заштедуваат пари!“
„Вистинско сметководство, ЕВОЛУИРАНО, без хартија и чекање – сѐ преку твојот телефон или компјутер.
Не заменуваме сметководители – им даваме супермоќ.
Smart Accounting Services – твојот финансиски тим, дигитализиран!“
„Не! Сè е онлајн, брзо и сигурно.“
Експертскиот тим е веднаш достапен преку chat, video call или телефон.
Не, целиот процес на миграција е брз и едноставен, а нашиот тим ќе биде со тебе на секој чекор.
Да. SAS овозможува моментално генерирање и испраќање на е‑фактури, со автоматски дигитален архив и следење на доспеани побарувања за кои ќе добиваш навремени известувања за доспеани плаќања.
Да. Интеграцијата со банки овозможува увид во реално време на приливи/одливи и автоматски усогласувања. Во панелот на PulsApp можеш да следиш готовински тек, буџет наспроти реализација, како и клучни финансиски индикатори.
Во реално време преку PulsApp добиваш благовремени известувања за доспеани фактури, аналитика по клиенти и предлог‑план за наплата. Таблата со клучни финансиски индикатори покажува трендови и аномалии за да реагираш навреме.
Да. Во SAS работиме строго согласно важечките регулативи во Македонија. Реалното време на извештаи не ја заменува законската документација — туку ја прави побрза, поточна и транспарентна.
Не грижи се. Сите податоци од сите наши клиенти, се чуваат во безбедна инфраструктура со контролирани пристапи и шифрирање. Дигиталниот архив овозможува трага на промени и усогласеност со ревизорски барања во секое време.
Секако. Покрај дневните и извештаите во реално време кои се на само еден допир во PulsApp, каде можеш да поставиш и прилагодени аларми за отстапки, oбезбедуваме и неделни и месечни извештаи за клучни финансиски индикатори, буџет наспроти реализација, готовински тек и доспеани плаќања.
Нашата скалабилна архитектура ни дозволува да го прошириме пакетот кога расте бројот на документи или комплексноста на бизнисот. Можеме да предложиме и оптимизации за процеси и цени при раст.
Просечно 80–90% помалку време за обработка на дневни документи, поради автоматизација, дигитален архив и онлајн фактурирање. Ова ослободува ресурси за продажба и развој или онаму каде е потребно.
Резервирај краток воведен повик или избери еден од понудените пакети. Ако сакаш ќе ти испратиме и персонализирана понуда доколку не се пронаоѓаш во некој од пакетите. По прифаќање, започнуваме со интеграцијата низ која ќе те водиме чекор по чекор.
Избери го пакетот што најмногу му одговара на твојот бизнис.
Имаш избор од неколку подготвени пакети и прилагодена понуда. Пополни ја формата подолу и направи го вистинскиот избор за твојот бизнис.
Заштеди време и намали ги трошоците во сметководството.
Започни со дигитално сметководство! Пополни ја формата подолу и поврзи се со нашите експерти. Ќе дознаеш како новиот начин на работа носи јасен увид и ефикасност за твојот бизнис.
Поедностави го сметководството и заштеди време и пари. Започни со паметно сметководство!
Пополни ја формата подолу и закажи термин разговор со нашите експерти. Ќе дознаеш како дигиталното сметководство носи ефикасност и јасен преглед на твоите финансии.
Поедностави го сметководството – заштеди време и пари!
Пополни ја формата и закажи разговор со нашите експерти. Ќе дознаеш како дигиталното сметководство носи ефикасност и јасен преглед на твоите финансии.